ШКЕНДИЈА СО ДОСТОЕН ПОРАЗ ОД ТОТЕНХЕМ (1:3) СЕ ПРОСТИ ОД ЛИГА ЕВРОПА

Шкендија со пораз од Тотенхем (3:1) ја заврши летната авантура во Лига Европа. На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, Премиерлигашот уште во 5-тата минута со гол на Ерик Ламела го навести очекуваното, но не го оправда, барем не во првиот дел. Голманот Захов со неколку круцијални одбрани ја сочува минималната негатива до паузата. Во вториот дел за момент се сменија работите. Шкендија презеде контрола на играта, создаде неколку шанси, а тоа се виде на дело во 55-тата минута кога Нафиу со фантастичен удар од далечина го совлада Харт за 1-1. Ова веднаш го натера Мурињо да менува во играта, ги внесе Кејн, Мура и Ло Целсо, а тоа вроди со плод дури во 70-тата, кога Сон на одбиена топка донесе ново водство. Десет минути подоцна, Јужнокореецот му нафрли на Кејн, а овој со глава ги постави конечните 3-1. Ова е достоен пораз за Шкендија, која со храбра игра во третиот квалификациски меч се прости од Лига Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста