ШКЕНДИЈА ПРОТИВ ТОТЕНХЕМ ВО СКОПЈЕ ВО ДУЕЛ (20.00) ОД ЛИГА ЕВРОПА

Спортски ден под знак на дуелот на Шкендија и Тотенхем кој вечерва ќе се одвива во Скопје. Фудбалерите на Тотенхем синоќа пристигнаа во земјава за дуелот од третата квалификациска рунда во Лигата на Европа, но Англичаните заради опасноста од корона се во компелтна изолација во нашиот главен град. Средбата започнува во 20 часот и се игра на нашата најголема арената Тоше Проевски, а секако ќе мине без публика затоа што тоа го налага УЕФА. Гостите заради силното клупско и индивидуално реноме се апсолутни фаворити во мечот кој обезбедува настап во плеј оф рундата од која, пак, се добива шанса за учество во групната фаза од Лига Европа. Шкендија е во комплетен состав и од Тетово стасаа најави дека се свесни за разликата во квалитет, но дека ќе сторат се да се претстават во најдобро светло. Колку сега, на часови пред мечот на Шкендија и Тотенхем делува дека е неважно споменуваме дека победникот од овој двобој во последната пречка пред формирање на групите ќе оди на подобриот од дуелот на рускиот Ростов и израелскиот Макаби.