Шкендија на врвот со Шкупи, трет пораз во низа за Пандевци


Со погодок на Бесарт Ибраими од пенал во 87-та минута, Шкендија минимално ја совлада Македонија во Ѓорче Петров. Втор триумф за Црвено-црните од Тетово за изедначување со Шкупи на врвот на табелата по три одиграни кола во Првата фудбалска лига. И натаму без освоен бод останува Академија Пандев. Тимот од Струмица го претпе и третиот пораз, овој пат на гостувањето во Ренова. Селмани и Јашаровски се погрижија за прва радост на „Гипсарите“ по претходните две нерешени средби. Денеска три нови, воедно и последни од третиот круг натпревари. Пелистер домаќин на Работнички, Борец гостува во Струга, а Вардар го пречекува Силекс. Сите од 17 часот.