ШКЕНДИЈА ГО МИНА 2. КОЛО ВО ЛЕ И ЗАКАЖА ДУЕЛ СО ТОТЕНХЕМ ВО СКОПЈЕ НА 24. СЕПТЕМВРИ

Фудбалерите на Шкендија се единствените од македонскиот кампус што го минаа вториот круг квалификции од Лигата на Европа, а три екипи веќе ги завшија натпреварите уште во раната фаза од ова чудно клупско континентално лето, кое за нас, ќе продолжуви со, барем уште една и тоа извонредна пресметка, во која ќе ни биде овозможено да видиме и дел од фудбалскиот крем. Имено тетовци кои вчера славеа кај романскиот Ботошани со 1-0 на 24. овој месец во Скопје ќе го дочекаат Тотенхем со Кејн, Деле Али, Сон, Муруњо. Другите два наши претставника во оваа квалификациска рунда во второто клупско натпреварување што играа вчера не ја искористија предноста на домашниот терен, па Силекс со 2-0 загуби од косовска Дрита, а Ренова испадна од Хајдук по минималниот пораз во Скопје.