Ширењето на епидемијата во Прилеп, повеќе од драматично, градоначалникот бара карантин

     Во петок ќе се знае дали Прилеп ќе оди под карантин. По катастрофалните бројки од 83 новозаразени и со дури шест починати само во последново деноноќие, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска побара од Владата воведување на карантин во градот и според портпаролот на Владата, по ова барање на Јованоски, Владата ќе одлучува в петок.

    Прилепчани пак, после ваквите стравотни показатели, и уплашени, и испаничени. Дел од нив, не сакаа ни да зборуваат во камера, брзајќи побрзо да ги завршат обврските и да се приберат дома. А додека оние похрабрите, укажаа на низата пропусти и на здравствениот систем, но и на недисциплината на самите граѓани.

                            

     Апсурдот да биде уште поголем, при вчерашната изјава, кога се случи и вербалниот инцидент со првиот човек на Болницата, началничката на Инфективното одделени, под строгиот надзор на директорот, информираше дека состојбата во Болницата полека се олабавувала.    

    „Во однос на слободните места, кај нас имаме доволно слободни места, дали е тој најголем број или не, не знам, меѓутоа 40 слободни места, сепак е реално заdоволителен број на слободни места“, – рече началничката на Инфективното одделение д-р Мирјана Крстеска.

      Дека прилепчани се крајно вознемирени и уплашени од новонастанатата состојба, потврда е и вчерашаната хуманитарна акција на прилепскиот еснаф на фризери, бербери, козметичари и спортисти кои во Болницата, самоиницијативно донираа вода и овошје за пациентите со Ковид 19.

      Инаку, за жал, во Прилеп се обистинија црните статистики на проф.д-р Дејан Трајковски, кој вчера градот под Марковите Кули го спореди со Вухан, а на кого пак, директорот на прилепската Болница, во наплив на бес, му постави „дијагноза“ дека универзитетскиот професор „немал штица“.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста