Шилегов се фали дека три години немало загадување !?

Воздухот во главниот град за сите е загаден освен за градоначалникот Шилегов. И покрај тоа што Скопје излезе од трката за Зелена престолнина на Европа– убедува дека изминатите три години скопјани ниту еден ден не дишеле загаден воздух.

Драго ми е што во рок од три години, успеавме Скопје да го симнеме од најзагадени во светот. Овие три години немаме екстремно загадени денови. Успеавме да немаме ниеден загаден ден, во кој ќе треба воведување на некои мерки. Сметам дека дивоградбите не влијаат за влегување во зелени градови во Европа“, истакна Шилегов.

Дали градоначалникот Шилегов заборави колку пати Скопје беше во топ 10-те градови со висока загаденост во светот само изминатата година? Истото беше и претходните години.

Само пред еден месец во Скопје загадувањето беше близу илјада микрограми пм 10 честички.И тогаш Шилегов мавтајќи со телефонот во рака ги убедуваше новинарите во спротивното.

Каде е камерата на Алфа? Еве ви јас, еви ви, јас нема да ви одговарам, место одговор.

Јас не тврдам, граѓанските иницијативи го велат ова. Граѓаните велат загаденоста е на високо ниво.

Почитувана госпогице, јас ви ги покажав апликациите Мој воздух. Таа е апликација на граѓанските иницијативи која што е зелена. И сега за какво загадување зборуваме? – рече Петре Шилегов пред околу еден месец.

Шилегов ја поздравува иницијативата за независна советничка листа од страна на еко активистите кои планираат да влезат во трка на локаланите избори.Тој не гледа конкуренција во нив, според него во демократска држава како Македонија, правото на секој граѓанин е да избира и да биде избран.

Инаку денеска скопскиот градоначалник пред изборно се пофали за завршениот проект, каде што официјално се пушти во употреба новозавршената делница на булеварот Никола Карев.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста