Шилегов призна, Градската куќа оди на продажба, опозицијата критикува

Град Скопје ќе ја продава новоизградената барокна Градска куќа, одлуката градоначалникот Петре Шилегов побара да биде ставена како итна точка на дневен ред. Шилегов објаснува дека објектотот е сместен на лоша локација, и е несоодветен за градската администрација.

Нема да дојде до никакво финансиско оштетување, едноставно тоа што сме го вложиле ќе се обидеме да го земем назад имајќи предвид дека станува збор за целосно нефункционален објект“, изјави Петре Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагира на одлуката на Шилегов. Велат дека градоначалникот претходно ја лажел јавноста дека Градската куќа нема да се продава и прашуваат дали зад сето ова се кријат лукративни приватни и лични интереси?

„Петре Шилегов нема проблем да ја излаже јавноста, Впрочем крадоначалникот станува и лажго, пред неполна недела тој на новинарско прашање по претходно тврдење на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се продаде градската куќа, негираше дека тоа е точно. Шилегов изјави „Јас лично не гледам и не препознавам во последните две години дека опозицијата креира било каква политика за градот, таквите работи за луѓе кои немаат политика не треба сериозно да ги сфаќате“, рече Шилегов, значи она на што предупредувавме, а Шилегов негираше сега се реализира“, изјави ВМРО ДПМНЕ.

Поради барањето на градоначалникот одлуката да се стави на на дневен ред, како вонредна точка, опозицијата ја напушти седницата.

Шилегов од своја страна, објасни дека парите од продажбата на Градската куќа ќе се употребат за нов пофункционален објект.

Симона Србиноска