Шилегов не знае кога ќе се отворат градинките и по колку деца ќе седат во една училница

Ако во една градинка се пријават максимум 20-тина деца, како ќе се распределат, сите во една просторија или? Колку воспитувачки ќе седат со нив? На овие прашања скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска нема одговор. Нова била ситуацијата и за градинките и за децата.

  • Утврдени се протоколите од страна на Комисијата за заразни болести при МЗ, во тек и во фаза е скринингот на работниот кадар во градинките со цел воспитачките да не бидат причина за евентуално ширење на заразата со  Ковид-19 вирусот. Сигласно тие протоколи се овозможува сосема малку  поинаков досега, невообичаен начин на функционирање и невообичаена активност на дечињата вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје

Наспроти изјавите на Филипче дека се работи на протоколот, Шилегов вели дека имало веќе утврден протокол за функционирање на градинките  во кризата, но што предвидува прецизно  не кажа. За мистериозниот протокол никој не открива детали,  а родителите веќе се во паника оти мора да тргнат на работа, а се плашат за здравјето на децата.

Дел од градинките започнаа со дезинфекција и чистење иако се уште не го поминале скринингот.

Викторија Миткова

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста