Шилегов не е загрижен што две третини од граѓаните не му веруваат

Градоначалникот на Скопје бил задоволен од истражувањето на ИРИ, и покрај тоа што резултатите покажаа дека 69 отсто од испитаниците оцениле дека се незадоволни од работата на градскиот татко. Петре Шилегов е уверен дека 31% поддршка во политиката била многу и не го демотивираат анкетите во пресрет на локалните избори. Не водел сметка ниту кој ќе му биде противкандидат од опозицијата.

Анкетата на ИРИ покажа дека повеќе од половина држава, односно 53 проценти бара промена на градоначалниците, кои во најголе дел се во рацете на владејачката СДСМ. Кога е во прашање работата на Шилегов, само четири проценти од испитаниците тогаш истакнале дека се целосно задоволни.

Според резултатите од  истражувањето, за разлика од од минатите локални избори, довербата во владејачката партија е падната за 9 проценти.

Инаку денеска градоначалникот Шилегов се пофали и со набавка на возила за комуналното претпријатие, и напомена дека кога бил поставен на градоначалничка функција претпријатието имало само 8 возила, од кои едно било нефунционално, а сега има 20.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста