Шилегов ги „предаде“ скопјани – избега од карантинот во Маврово
Во време на полициски час поради експлозија на корона кривата и бројот на новозаболени, градскиот татко не беше во Скопје. Бил во неговата вила во Маврово, ама наградно прашање што денеска им го иницираше на неговите скопјани е кога заминал за Маврово? Повторно ја обвини опозицијата, ги искривувала тезите бидејќи не знаела кога Шилегов тргнал за Маврово. Сеедно, прашањето е зошто првиот и главен скопјанец не беше пример за граѓаните да остане дома за време на продолжениот викенд-карантин. Сепак ова е неважно за Шилегов бидејќи изгледа, според него, опозицијата се сите граѓани кои му најдоа замерки и не мисли дека скопјани сами носат заклучоци.
- Очајот и немањето одговор на новите политики и услуги кои ги креира градот, опозицијата ја заменува со искористување на тезите за тоа каде сум бил и што сум правел. Јас ќе одговорам на тие лажни позиви на опозицијата со уште поголем ангажман вели Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.
Всушност неговото одморање во Маврово стигна на дневен ред кога опозицијата деновиве обелодени оти градскиот татко аминува нови вработувања во градски претпријатија во среде пандемија. За ова објаснување даде откако ја искритикува повторно опозицијата дека пласирала лажни вести. Ама и во неговата изјава се споменуваат два различни месеци: јануари и декември како клучни кога се пресекувало колку луѓе треба да се вработат.
- Станува збор за редовни сезонски вработувања кои кои се предвидени во месец јануари, сакате во ЈСП, Дрисла и третото Јавно претпријатие. Тоа се истите луѓе коишто ние ги наследивме преку Агенцијата за превремени вработувања. Дали ќе имаше или ќе намаше избори во моментот кога беа носени одлуките во декември месец, минатата година беше непознато а за мене сосема и релевантно при нивното носење-тврди Шилегов.
Како и да е, Шилегов должи објаснувања за ветените а не реализирани проекти за Скопје, или пак можеби на нив размислувал додека се одмарал во Маврово.
Викторија Миткова