ШЕСТО ПОСЛЕДОВАТЕЛНО И СЕДМО ВКУПНО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ИМ СЕ НАСМЕВНУВА НА РАКОМЕТАРИТЕ

Шесто последователно, седмо вкупно Европско машко ракометно првенство, ни се насмевнува по цврста партија кај Швајцарија и победата од 25-23. Ние во Шафхаузен, во, според сите проекции најнеизвесниот од сите 12 меча во нашата квалификациска група 7 постапивме како што му личи на тим од континентален калибар. Тесно, тешко, со резултатска клацкалка до средина на второто плоувреме, и потоа ние уфрламе во шеста брзина и победуваме. Не е дека беше лесно или сигурно, нити можеме да зборуваме за некакво незаборавно издание, но радува што секој нов си го одработува тоа за што е повикан, што возрасните ги држат конците, а младите не губат концентрација. Најмногу за пофалба секако е одбраната, која по кој знае кој пак, ни ги покрива другите недостатоци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста