Шест работнички во фабрика за конфекција во Штип заболени со Ковид 19, Oпштинскиот штаб ќе заседава

Дали Штип ќе стане ново жариште на Kовид-19? Денес уште 4 нови заболени текстилни работнички .Фактот дека новите, но и претходните две се од иста конфекција, доплнитено го вклучи алармот кај надлежните. Кризниот општински штаб од конфекционерите и превозниците побара засилена дезинфекција во производствените капацитети и автобусите со кои се превезуват работниците. Поради зголемениот број на заболени, конфекцијата е затворена..

Епидемиолозите работат на утврдување на нивните контакти. Сите од среден и висок ризик ќе бидат ставени во изолација. Од Центарот за јавно здравје уште вчера упатија апел автобусите задолжително да се дезинфецираат, но и максимално да се применуваат мерките за заштита. Се шпекулира дека ист автобус од дома до работа користеле  работнички од три различни конфекции што би можело да значи и нагло зголемување на бројот на инфицирани. Според штипјани, во целата оваа криза тектилните работинички се најнезаштитени..

Уште на самиот старт од епидемијата Алфа алармираше дека во автобусите со кои се превезуват текстилните работнички не се почитуват мерките за заштита, а уште помалку задолжителното растојание од максимум 2 метри.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста