Шест нови авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром, најави вицепремиерот Николоски

Шест нови авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром, најави вицепремиерот Николоски

Од Скопје повторно ќе се лета за Барселона и Дубаи, ќе има линија и до Штутгарт и Лион, а за Истанбул и Базел се воведува лет и од охридскиот аеродром.  Нови шест линии од двата аеродроми во Македонија ќе почнат да функционираат од следната година, четири од нив ќе ги реализира унгарската „Визер“ и по една авио-компаниите „Флај Дубаи“ и „Туркиш ерлајнс“. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека се спрема уште еден повик, а според плановите во декември ќе се објави нова сет на дестинации.

  • Од 30 март 2025 два пати неделно „Флај Дубаи“ ќе лета од Скопје за Дубаи и назад. Од овој датум од Скопје ќе се лета за Барселона  три пати неделно. Од 30 јуни, три пати неделно ќе има и лет од Скопје до Лион и три пати неделно ќе се лета од Скопје за Штутгарт. Она што можам да го кажам дека сме во процес на подготовка на втор повик кој што треба да донесе нови дестинации затоа што има интерес“ – информира Николоски.

Очекувањата се овие четири нови летови од скопскиот и двата од охридскиот аеродром до 2025 година да донесат дополнителни 200 илјади патници а со тоа и да се зголеми бројот на туристи. Пет милиони евра ќе се одвојат од државната каса за субвенционирање на овие шест и на оние кои ќе се изберат од вториот повик за нови авиолинии.

  • 12 евра по дојден патник е субвенцијата од Охридскиот аеродром и 9 евра по дојден патник е субвенцијата од Скопскиот аеродром. За 3 години планираме да потрошиме  5 милиони евра за субвенционирање на авиолинии. Овие линии ќе донесат бројни туристи во Македонија и ќе го олеснат патување на нашите граѓани. Во 2025 година ќе имаме 200.000 нови патници од двата наши аеродрома“ – рече Николоски.

Во моментов, во летниот период на летање од скопскиот аеродром има 47 дестинации, а од охридскиот 8, додека во зимскиот 38 од скопскиот и 4 од охридскиот. На двата аеродроми во Македонија минатата година беа опслужени 3,1 милиони патници, а во првите девет месеци годинава, бројот изнесува 2,4 милиони што зголемување од три проценти. Со новите авиолинии кои ќе се воведат се очекува дополнително зголемување на бројот на патници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста