Шест милиони евра потрошени, а државните информациски системи беа како „решето“ – Министерот Андоновски ветува подобрување во оваа сфера

Шест милиони евра потрошени, а државните информациски системи беа како „решето“ – Министерот Андоновски ветува подобрување во оваа сфера

377 милиони денари не ги заштитија македонските институции од сајбер напади во периодот од 2020 до крајот на 2023-та година. Државните ревизори констатираат дека владините тела склучиле 283 договори за информациска безбедност, но сепак државата не спровела  ефикасна и целосна заштита на критичните информациски системи. Сега, Министерството за дигитална транформација треба да ги спроведува препораките на ревизорот, а министерот Стефан Андоновски очекува да се покрене кривична одговорност за трошењето народни пари:

  • Погледнавме три што се однесуваат на ова Министерство и со должно внимание ги разгледавме. Имаме и препораки за надминување на околностите, но мислам дека има и основи за некоја друга поголема одговорност и се надевам дека и Обвинителството ќе ги разгледа овие ревизорски извештаи, да видиме како се потрошени парите на граѓаните, а не е гарантирана нивната безбедност. Она што ќе работиме во наредниот период е воспоставување на минимум стандарди за сајбер безбедност што ќе значи дека секоја институција почитувајќи ги ќе може да се заштити себе, но преку тоа и граѓаните од сајбер напади“, потенцира Андоновски.

Од друга страна, Андоновски вели, балансерот при вработувањата во државните институции ќе се укинува во фази. Стручноста, ќе биде на прво место, пред  етничка припадност, вели министерот.

  • „Во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот – соодветна и правична застапеност на етничките заедници“, рече Андоновски по денешната средба со новинарите.

Заложбите на министерството за дигитална транформација со кое раководи Андоновски, во првите 100 дена Влада – ќе бидат наочени кон воведување на нови дигитални услуги – 10 за граѓаните и 10 за бизнисот. Дигитализација ќе има и на Управата за водење матични книги која сега ќе биде под надлежност на ова министерство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста