Шест месеци затвор за Кичеец за сообраќајката во која загина човек

Шест месеци затвор доби Зоран Милевски Кичеец кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај Стража на 4 септември, во која животот го загуби едно лице а седумина беа повредени. За Обвинителството единствениот прекршок што го сторил Кичеец е претекнувањето на полна лента, но тој се покајал и  признал дека е виновен. Ова било доволно за Обвинителството да се спогоди со Милевски, иако тој претходно е осудуван , што се смета за отежнувачка околност. Но и шесте месеци затвор за сообраќајка со смртни последници, му се виделе многу на Кичеец, бидејќи во спогодбата со Обвинителството барал да биде осуден на условна казна. За правниците ваквата одлука е скандалозна.

Прво спорна е преквалификација на делото и не може да вади дека тоа е врз основа на вештачењето, затоа што правната квалификација е правно прашање. Од првично, така наречена евентуална умисла, кој би му донела од 4 до 20 години затвор, обинителот ја преквалфикува, што мене воопшто не ме чуди во тоа Обвинителство. Доби преквалификација каде евентуалната санкција му е од една до пет години. На господинот Кичеец или Милевски, му е пременето вонредно облажување на санкција, затоа што казната е под една година и може да се спушти- вели адвокатот Јанаки Митревски за Алфа.

Дополнително, Кичеец сообраќајката ја предизвика во период кога правел пауза од престојот во затворот во Струга, за што пак институциите се испреплеткаа во давање одговор зошто Милевски е на слобода за време на издржување затворска казна. За правниците со долгодгодишно искуство  е несфатлива  прекфалификацијата на делото во небрежност.

Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла (dolus evetualis, свесност дека од дејствието може да настапи последица и согласување со нејзиното настапување) не е и не може да биде небрежност. Небрежност би било на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица. Разликата е во свесното прекршување правила! – коментира адвокатот Сузана Јошевска Атанасовска.                                                                                                 

 За да добие некој минимум затворска казна за некое дело, треба да има вонредни олеснителни околности кои правниците во случајот со Кичеец не ги гледаат.     

Дискутабилно е, има и еден друг момент, кој јавноста не го знае односно не го познава а тоа е дека за да се добие спогодба со обивинителот, прво со тоа треба да се согласи обвинителството, а втор момент е согласност да даде оштетениот. Дали воопшто дале согласност оштетените или не е прашање кое треба да се истражува-вели адвокатот Јанаки Митревски за Алфа.

Кичеец во декември 2019 беше осуден на казна затвор од 3 години за случајот „Рекет“ каде што призна вина.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста