Шест медицински сестри од Битола, останаа без работа

Кога ќе настане спрега помеѓу здравствените и судските институции за ефикасно бркање од работа, па дури и во време на пандемија и кога секој здравствен работник е неопходен во здравствениот систем, тогаш е сосема реално да се случи она што ја шокира Битола и целата јавност. Имено, шест медицински сестри, од кои една со патолошка бременост вработени во Здравствениот дом во Битола,пред два месеца ја изгубија работата, откако првостепениот и второстепениот суд покажаа невидена ефикасност, а во Здравствениот Дом, веднаш по престанокот на вонредните мерки, на 20 јули се погрижија, со отказ сестрите да ги остранат од работа. Сега, откако денеска се обелодени овој своевиден  скандал, и кога е во жалбена постапка во Врховниот суд, Јустиција  треба да одмери колкава и каква била правдата спрема медицинските сестри.

    -Ако судските пресуди биле донесени поради административни процедури околу вработувањето на сетсрите како што рече денеска министерот Филипче, тогаш остануваат моралните дилеми.

 Оваа сага започнала со огласот  на 30 октомври 2018 година, а  на 5 февруари 2019 година тие склучиле договор за работа во кој немало наведено отказен рок. Што се случило потоа, засега не е до крај јасно, но  администратината постапка за нивно отстранување влегла во зоната на пандемијата и тие продолжиле со работа, каде за сите вработени имало прераспределба на позиции и без право за користење на годишен одмор. По пресудата на  Основниот суд од март годинава, Апелација дала насоки како да се повтори постапката во која не може да се примени дискреционо право, и веднаш по вонредните мерки еден месец подоцна, стасал и отказот бидејќи постапката мора да се повтори. Како ги извршувале работните задачи и колку биле ангажирани, на крај, зошто морале да бидат избркани и особено за време  на пандемија,  може само да се претпоставува според нивните емотивни реакции на порталите.  Министерот Филипче, денеска даде само кусо образложение.

  • Колку што сум информиран , сестрите се отпуштени заради судски процес во однос на процедурите за вработување, што не е волја на директорката. Ова е долготраен судски процес заради административни процедури- рече министерот Филипче.

Директорката на Здравствениот дом д-р Весна Спирковска рече дека судската постапка се водела поради административно- правни причини во постапката по огласот, а таа морала да постапи по правосилната судска пресуда, бидејќи непочитувањето на судски одлуки повлекува кривична одговорност.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста