Шест медицински работници заболени од Ковид 19 и триесет во самоизолација во ГОБ „8 Септември“

Шест медицински работници позитивни на ковид 19, триесет во изолација во ГОБ – „8 Септември“ , а директорот Христијан Костов со денови не се појавувал на работа. Вработени во градската болница тврдат дека најмалку десетина  дена не дошол на своето работно место, а образолжението кое го добивале, било дека постојано бил на состаноци со кризниот штаб.

Како што дознава Алфа од свои извори во болницата поради тоа што голем број од вработените се во изолација, има недостатокок на медицински персонал. Невозможно е велат да се направат прерасределби за да се функциониора во услови кога се повеќе се зголемува бројот на пациенти во болницата.

Костов во телефонски разговор за Алфа првично ги  демантираше информациите, кажувајќи дека има три заболени медицински сестри и неколку во изолација, па за брзо,се предомисли. Костов тврди дека одел на работа, но барал донации, па можеби затоа не го забележале вработените.

Целосна неусогласеност во изјавите на директорот Костов и Филипче. Министерот кога го праша Алфа за ова немаше информации.

Подоцна на наше инсистирање министерот информираше за состојбата во ГОБ „8 Септември“.

“Во ГОБ 8- ми Септември вкупниот број на позитивни на ковид 19 се шест медицински работници, четири сестри и двајца болничари, десет се во самоизолација”. – информира министерот за здравство.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови пациенти , а вкупно хоспитализирани се 27 со корона вирус. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста