Шест години Преспански договор – Македонија исполни сè, Грција речиси ништо

Шест години Преспански договор – Македонија исполни сè, Грција речиси ништо

На денешен ден, пред 6 години, во селото Нивици на Преспанското езеро од страната на Грција, беше потпишан таканаречениот Преспански договор, со кој се затвори спорот меѓу двете земји за името, по што Македонија додавајќи ја Северна пред името влезе во НАТО, ама не и во Европската Унија, доби вето, најпрво од Франција, а потоа и од Бугарија.

Договорот беше потпишан од тогашната партија на власт Сириза од грчка страна, и СДСМ од македонска страна, а го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На потпишувањето присуствуваа и посредникот во преговорите Метју Нимиц, екс комесарот за проширување Јоханес Хан и други високи меѓународни претставници на двете земји и од ЕУ.

Откако не успеа референдумот, договорот беше ратификуван во собранието осум месеци подоцна, а стапи во сила на 12 февруари 2019 година. Евидентно е дека Македонија исполни и повеќе од што предвидува временската рамка во договорот, но од грчка страна, работата стои во место, на грчките патишта сè уште стојат патоказите со потценувачките написи Скопиа и ФИРОМ, во грчкиот парламетн сè уште се заглавени протоколите за меѓудржавна соработка, а нема ништо ни од највениот граничен премин Маркова Нога на брегот на Преспанското Езеро.

По повод шест годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, поранешните премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, преку „Фондацијата Заев“ и  „Институтот Алексис Ципрас“ денеска и утре во Атина организираат дводневна Меѓународна конференција за мир и одржлив развој. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис соопшти дека нема да присуствува.

Идниот македонски премиер, Христијан Мицкоски, пак најави дека се подготвува документ колку од Преспанскиот договор има спроведено Македонија, а колку Грција. Целта, според него, е меѓународните партнери да бидат запознаени со имплементацијата бидејќи препораките за почитување на потпишаниот договор изминатиот период биле насочени само кон Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )