Шарената револуционерка „падна“ за „бело“
Јас не знам што треба да направам? Да побарам азил во некоја друга земја?Да ги повикам сите овие луѓе да побараме заеднички масовен азил? вака зборуваше во 2015тата година актерката Силвија Стојановска.
Се мислеше дали да бара азил оти минатата власт како што вели таа криела криминал, а заврши како осомничена за криумчарење на 700 кг кокаин. Актерката Силвија Стојановска која повикуваше за правна држава на протестите на Шарената револуција, сега е во домашен притвор, оти обвинителството ја сомничи дека била логистика на нарко банда која пренесувала кокаин. Еве какви пораки испраќаше поддржувачката на протестите на Шарените.
Не верувам дека постои некој здрав разум кој што може да го брани овој начин на однесување со сопствениот народ. Грозно, истакна Стојановска на протестите пред 4 години.
Стојановска не е првата која заврши неславно, а беше дел од протестите. Предводникот на револуцијата и сегашен екс пратеник Павле Богоевски си поднесе оставка оти во јавноста се појави разговор во кој тој нарачува “полче” од недозволива наркотична супстанца. Тој не одговараше ниту прекршочно ниту кривично, а еве како ги водеше протестите каде бараше правда за сите и слобода на работата на СЈО.
Тргни ги канџите од СЈО! …. Не можат тие безкичмени подлизурковски и партиски полтрони да ја држат правдата во заложништво, извикуваше Богоевски на протестите на Шарената револуција.
Инаку актерката Стојановска заврши во 30 дневен домашен притвор оти Американската ДЕА со шпанската и македонската полиција ја расплете мрежата на нарко бизнисот на 6 члена група која требало да наплати 20 милиони евра од продажбата на дрогата. Актерката Силвија Стојановска е осомничена дека била помагач на нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ, а според истрагата е мозокот на меѓународниот транспорт на дрога. Стојановска е осомничена дека работела по ингеренции на нејзиниот сопруг, кој имал забрана за патување во земјите на ЕУ. Како дел од мрежата бил и братот на Будисављевиќ, резидент на Белгија.
Meри Ѓорѓиевска