Шара да не остане заштитена само на хартија,порачуваат екологистите

Веднаш да почне да се дејствува  во вистинска заштита на Шар Планина,порачуваат екологистите.Шара е веќе прогласена за Национален парк-но,малку доцна, опустошена, масакрирана од дива сеча, дивоградби, патишта, мали хидроцентрали. Природното богатство се чува на терен, а не на хартија.Токму на терен треба и да се работи,велат од платформата  “Пријателите на Шара”,посочувајќи лоши примери од соседството каде на заштитени подрачја сеуште има деструктивни појави.

Најтешко, најголем предизвик  ќе биде со дивата сеча, знаеме дека тоа е е ден од најголемите проблеми.Се надеваме дека идните вработени во Националниот парк, ќе знаат како да се справат со овие предизвици.Исто така и со дивоградбите што ги има, како и со тоа ќе се менаџира во иднина, изјави Метин Муареми-Платформа “Пријателите на Шара”.

Сега почнува најтешката работа, велат во планинарските друштва.И досега имало закони, но не се почитувале, па Шара е доведена на ова ниво.

Тоа се исечени шуми, разрушени планиансрки патеки, отворени нови патишта, многу е Шара ранета.Се надевам сега со прогласувањето за Национален парк, еве во блиски иднина, дека овие деструктивни појави ќе престанат, рече Александар Стојановски-ПК Јелак-Тетово.

Во однос на природните богатства и вредности,Шар Планина има се она што треба да има еден Национален парк.Но,успехот на нејзината заштита ќе зависи од менаџирањето.Освен правната заштита,ќе требаат и ефикасни мерки за управување со ова подрачје.                                                                      

Инаку,со прогласување на Шара за заштитено подрачје, државата го доби четвртиот Национален парк.

Милена Вуческа

Advertisements

Поврзани вести