Шапка оди на продажба, но нејасно како, познавачите жалат што нема желба за развој со наши пари

Кој и зошто си игра со Попова шапка-бројни реакции во јавноста по најавата на премиерот Зоран Заев дека центарот ќе оди на продажба.Сеуште е нејасно ниту на кој начин ќе се продава.Ако тоа се прави за затворање на буџетскиот дефицит е крајно несериозно.Шапка има потенцијал и може да се развива и со наши пари,но за тоа нема желба, ниту интерес велат познавачите.

Уште нашите политичари, функционери, управители на Попова шапка не знаат каква добивка може да има ако тоа профункционира.Ги имаме центрите околу Копаоник и Банско, знаеме какви приходи годишно влегуваат таму , а шапка какви губитоци има.Таа споредба кога тие луѓе на функции ќе ја видат тогаш ќе може да се промени нешто.“ – вели Хамди Сулејмани – “Иницијатива да ја спасиме Попова Шапка”.

Дека центарот може да работи рентабилно потврдува и поранешниот директор Петре Димитриевски.Со малку ангажирање и проекти за развој,Шапка може да блесне,но за некој најлесно е вели,да се продаде.

Жичарите секогаш биле рентабилни,преку нив ние ги оставруваме лични доходи и трошоци.Две години додека бев директор, завршните сметки беа позитивни.Шапка е рентабилна, само да дојдат луѓе кои ја сакаат, израснале на неа, само тие моѓат да раководат со Шапка.“ – изјави Петре Димитриевски – поранешен директор на Попова Шапка.

Идејата за продажба на центарот се врти веќе со години,но,без конкретни чекори.Шапка,која има огромен потенцијал, очајно бара инвестиции и развој веќе долго време,но досега речиси се е само на хартија.Едно е сигурно, дека оваа заспана убавица заслужува да и се врати сјајот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста