Шалтерите во Катастарот ќе работат до 15.30

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Макадонија, ја информира јавноста дека согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот covid-19, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности – Скопје од 13.3.2020 година ќе работат со работно време од 7.30 до 15.30 часот.

Воедно, апелираме до граѓани кои ќе имаат потреба од услуги или некакви консултации, доколку е возможно тоа да го прават по електронски пат. Голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб страницата: www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија: 0800 80 800

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста