Сезонска алергија или коронавирус-како да се разликува?

Започнува периодот на сезонски алергии кои се јавуваат кај се поголем број граѓани, а со тоа страв и недоумица,како да се препознаат и разликуваат симптомите на алергија и коронавирус, со оглед на тоа што се карактеризираат со речиси исти симптоми,како гребење во грлото, затнат нос, кашлица.Вирусот е сеуште недоволно истражен, па лекарите велат, дека не можат со сигурност да знаат како на луѓето со алергии, може да влијае ковидот.

Еве пролет е , цути се,зеленило, растенија, сега ќе гледаме какви ќе ни бидат моментите со алергичните луѓе на полен или слични растенија и дали ковидот ќе има дополнително влошување- рече Д-р Ружди Реџепи- Пулмолог.

Луѓето со алергиски реакции, особено оние кои имаат проблем со дишните патишта, мора да внимаваат и на загадениот воздух.Загаденоста и коронавирусот не се директно поврзани,објаснуваат специјалистите, но, заедно многу влијаат на манифестирање тешка клиничка слика.

Вирусот напаѓа акутно,се заразуваш и  за неколку дена можеш да добиеш тешка клиничка слика, а загадувањето долгорочно делува хронично,вирусот не делува на карциномот,астма,ХОББ,туку загадувањето е број еден-рече Д-р Ружди Реџепи- Пулмолог.

Доктортите советуваат, луѓето со алергии да ја земаат редовно антихистаминската терапија.Доколку пак,таа не делува, а се јави и температура,која е карактеристична само за коронавирусот, веднаш да побараат лекарска помош.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста