Севиља со шести трофеј во Лига Европа по триумфот против Интер (3-2)

Севиља го освои трофејот во Лига Европа откако во финалето одиграно синоќа во Келн го победи Интер со 3-2. Фаворизираните Италијанци водеа кратко по голот на Лукаку, Шпанците свртеа со два на Де Јонг, за Годин да обезбеди нерешено на полувреме. Трагичар на дуелот беше Лукаку кој во 74-тата постигна автогол кој се покажа пресуден за исходот на соочувањето кое покажа дека традицијата секогаш треба да се има предвид. Имено Севиља го освојува пехаор во второто клупско фудбалско натпреварување на континентот по шести пат во последните 14 години, притоа не губејќи ниту еднаш во финалето. За Интер ова е втор пораз во петтиот настап. В недела во Лисабон европската клупска фудбалска сезона ќе заврши со мегданот на ПСЖ и Баерн Минхен кои ќе се најдат во финалето од Лигата на шампионите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста