Северномакедонци и во графите за чекирање авиобилет-зачестија таканаречените грешки со националноста на Mакедонците

Иако одредбите од Преспанскиот договор со кои беше прифатено менување на уставното име гарантираат дека националноста на Македонците нема да се менува, сепак во пракса сликата е поинаква.  Гледачи до Алфа испратија фотографии на кои се гледа дека при чекирање на билети преку авиокомпанијата „Визер“ во графата за националност стои северномакедонец.

Почнува ли терминот „северномакедонец“ полека да се вкоренува во меѓународната употреба? Последнен во низата е потегот на УЕФА за време на Европското првенство кога првите луѓе на македонската федерација ненамерно станаа северномакедонци по националност. И за португалската државна секретарка Ана Паула Закаријаш која застана на страна на Бугарија во проблемот со македонските интеграции, а не нарече северномакедонци кои говорат северномакедонски јазик. Тогаш европските челници се оправдаа дека дипломатите не биле експерти по лингвистика и станувало збор за недоразбирање.

Дека ќе мора да направиме промена на имињата на сите јавни субјекти, среде Охрид ни порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неодамнешниот Преспа Форум, кого Заев го претстави како добар пријател и на приватен план. Без инсталирање на кованицата Северна во се македонско, Македонија нема да може да напредува во евроинтеграциите, порача Ципрас.

А потпишаното во Нивици се поизвесно е дека ќе донесе промена и на името на Фудбалската федерација на Македонија. Министерот за надворешни Бујар Османи и првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини најавија дека за бидат надминати проблемите околу именувањето на федерацијата ќе употребеле позитивен пристап и добра волја . Објаснувањето кое МНР го испратија до медиумите го темелат на тоа дека било законска обврска на организациите кои на било каков начин примаат финансии од државата да го стават „северна“ во називот, односно да се користи новото уставно име.

По низата скандали, останува отворено прашањето дали идентитетот и националноста останува зачуван само за внатрешна употреба во македонија, за сите останати веќе сме северномакедонци кои говорат северномакедонски јазик.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста