Анкета: Се уште живееме во патријахално опшество, а ја величиме демократијата. Среќен ли е осми март?

Жената треба да се почитува секојдневно, да ги знае своите права кои се регулирани  и во закони. Да не дозволи да биде  дискриминирана, отфрлена, малтретирана,  велат од понежниот пол на меѓународниот ден на жената 8-ми Март. И во денешно модерно време чести се примерите на насилство, психичко, физичко сексуално, а се соочуваат и со мобинг.

Пред камерата на Алфа кажаа дека  сеуште ги немаат правата кои ги заслужуваат. Велат ја величиме демократијата, а сеуште  живееме во патријахално опшество . Дел од мажите пак кои денеска со цвеќе решија да ја изненадат сопругата , пријателката, другарката апелираат понежниот пол секојдневно да се почитува .

По повод празникот , денеска се одржа четвртиот по ред марш за женски права. Под мотото „Ти не си виновна“ платофрмата за родова еднаквост и активистките за женски права , маршот го посветија на жртвите на родово базирано насилство и го прочитаа прогласот годинава поттикнат од случајот Јавна Соба.

  • Тука стоиме за да кажеме дека сакаме и заслужуваме повеќе. Оваа година марширавме под слоганот „Ти не си виновна“ поттикнати од еден од најодвратните случаи на родово базирано насилство  во оваа земја односно Телеграм групата Јавна Соба каде стотици девојќи и жени без изложени на родово баџирано насилство а тоа не беше адресирано како такво во јавноста – изјави  Калија Димитрова.
  • дНе си ти виновна за нееднаквите плати, не си ти виновна за добиената шлаканица, лузните и омаловажувањето, а уште помалку си виновна за себичноста на другите и нивната желба за манипулација и злоупотреба на твоите лични податоци и приватност- рече Мери Цветковска.

Активиските бараат веднаш сеопфатно сексуално образование, заштита и превенција на родово базирано насилство и  соодветна реакција на институциите . Оваа влада и секоја наредна има обврска и должност да се бори против родовата нееднаквост Вo Македонија  порачаа активистите .

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста