Сетиен останува за настап во ЛШ, но веднаш потоа ќе демисионира од Барса

Кике Сетиен според последните најави ќе остане да ја води Барселона против Наполи во реванш осминафиналето од ЛШ, а потоа, ако Каталонците просперираат, и на завршниот турнир во Лисабон, но тука ќе заврши, па и ако ја освои титулата. Тренерот наводно ја загубил довербата кај Меси, Суарез и Пике, и заминувањето е неопходно. Според Диарио спорт нов тренер на Барса ќе биде поранешниот нивни стопер и француски селектор Лоран Блан.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста