Сертификат ќе бараат само редарите, не и инспекторите – правниците алармираат дека мерките се спорни

Угостителите кои од стартот на корона пандемијата мака мачат да ја преживеат тешката финансиска ситуација, од понеделник ќе стават клуч на врата. Ваква најава даде претседателот на Независната угостителска комора кој вели дека не планираат да ангажираат редарски служби и да вршат селекција на гостите како што тоа им го наложи власта. Според Јосифовски мерката на Владата е нелогична, бидејќи ако сертификатот значи дека во објектот влегле само имунизирани гости, тогаш зошто тие да не може да седат и во затворениот дел од кафеаните ако се смета дека се заштитени од вирусот.

Јосифовски е дециден дека податоците што ги содржат ковид сертификатите се лични податоци, а увидот во документот од страна на лица кои не се полициски служебеници значи повреда на законот за заштгита ни лични податоци, за што јасно алармираа и властите во Германија.

Откако вчера ДПИ најави заселени контроли во угостителските објекти од понеделник, професорката по административно право, Ана Павлова Данева алармира дека инспекторите немаат законска надлежност да легитимираат гости.

„Државен пазарен инспекторат нема законска надлежност да ги легитимира гостите во угостителски објект, ниту пак да прави увид во нивните сертификати за имунизација. Значи, единствено надлежни за спроведување на новите здравствени мерки се – редарите“, пиша професорката на Фејсбук.

Како ќе се врши проверката на гостите и дали ќе има злоупотреби се уште е мистерија, особено по изјавите на ДПИ дека инспекторите нема да ги проверуваат гостите, туку информацијата за вакцинираните ќе ја добивале од угостителите.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста