СЕРЕНА ВО СОЛЗИ СЕ ЗБОГУВАШЕ СО ПУБЛИКАТА НА ВИМБЛДОН, ФЕДЕРЕР СЕ СПАСИ ОД РАНА ЕЛИМИНАЦИЈА

Серена Вилијамс во солзи се зогуваше со публиката во Лондон годинава, откако американската тенисерка беше примморана да го предаде мечот на Белорусинката Алиександра Саснович. Серена која седум пати во својата кариера го има освоено Вимблдон падна и ја повреди ногата на стартот од натпреварот, но продолжи за потоа при резултат 3-3 во првиот сет да се повлече поради големите болки кои ги имаше.

Кај тенисерите Роџер Федаерер беше близу до елиминација уште на стартот, но неговиот противник Адријан Манарино го повреди коленото и го предаде мечот при резултат 2-2 во сетови.

Денешната програма во Лондон инаку содржи и деули кои ќе треба да се доиграат поради лошото време синоќа кое не дозволи добар дел од мечевите во машка конкуренција да го доживеат својот крај,  настап ќе има и првиот светски рект Новак Ѓоковиќ кој во 2.коло за противник го има јужноафриканецот Кевин Андерсон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста