Серена Вилијамс на 10 август се враќа на терен

По шест месеци Серена Вилијамс на 10 август ќе се врати на терен и тоа на турнирот во Лексингтон во Кентаки. Освојувачката на 23 Гренд Слем титули и една од најдобрите во историјата на тенисот беше првата која најави дека ќе учествува на Флешинг Медоу и не отстапува од тоа, а овој настан ќе биде најдобра подготовка за случувањата во Њујорк од крајот на следниот месец и првата половина на септември. Серена не играла од февруари кога настапи за тимот на САД во Фед купот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста