СЕНЗАЦИЈА ВО ДИУЗБУРГ И НАЈГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО

Одлично издание, ноќ за паметење, триумф за историја на Македонија кај Германија синоќа во Дуизбург од 2-1. Нови бодови за второ место во групата Ј од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар и зголемени шанси за деби, и на еден мундијал, но и сето тоа не е доволен опис за тоа што вчера во емотивна смисла ни го предизвикаа Пандев, Елмас, Барди, Алиовски, Адеми, Веловски и останатите, кои, со оглед на значењето на противникот во глобални рамки, ни ја донесоа веројатно најголемата победа од осамостујувањето. Германците губат по само трет пат во девет децении во овие квалификациски средби, ние за прв пат зедовме скалп на еден великан, а тоа е веројатно најголемиот во светот, и делириумот што не зафаќа е сосема реален. И тоа не се. Зошто едно е што победивме, а друго и уште поважно е што ги надигравме Германците во сите сегменти од играта.  Фаворитот беше прочитан, закочен, немоќен, секој кај нас знаеше што прави, сите беа концентрирани 90 минути, и можеби клучно, никој не беше импресиониран од амбиентот и звучноста на опонентот. Во таква ситуација талентот едноставно се разлеа низ Дуизбург и не најави на најголемиот мегафон за настап на Европското првенство за кое дури сега, никој не може да рече дека сме го обезбедиле, по спореден пат или на мала врата.

Од фактографијата, од тоа што ќе остане од Дуизбург за долги години. Пандев 45-та и Елмас, 85-та минута завршија две наши филигрански акции што резултираше со сензационални: Германија-Македонија 1-2. Секако во нашиот табор по мечот беше еуфорично.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста