Сендвич со кајгана и сланина, вкусен појадок по рецепт на Гордон Ремзи

Светски познатиот готвач Гордон Ремзи сподели рецепт за појадок на кој многумина му честитаа.

Во класичен сендвич тој додаде кремсир, зеленчук и кајгана која се посготвува на посебен начин и направи оброк кој може со часови да ве држи сити.

За разлика од вообичаен сендвич, овој има малку повеќе состојки, но вкусот е неверојатен.

Наведените состојки се за две лица.

Состојки:
6 јајца
2 лепчиња
2 лажици кремсир
100 гр кашвакал
4 парчиња сланина
еден црвен кромид
млад лук
50 гр путер
сол

Подготовка:

Ситено исецкајте ги кромидот и сланината, па се заедно пропржете на тивок оган. Доколку имате тостер, лепчињата ставете ги во него да се загреат или во рерна вклучена на 180 степени, печете 7-8 минути.

Изматете ги јајцата, додадете путер и сол, а потоа ставете на рингла на среден оган мешајте една минута, па тргнете го садот 30 секунди. Оваа постапка повторете ја се додека јајцата не бидат готови. Гордон препорачува постапката да ја повторите најмалку три пати.

Исецкајте го младиот лук и во сад измешајте заедно со јајцата. Лепчињата премачкајте ги со кремсир, па на едната страна ставете го кромидот со сланината, а на другата посготвената кајгана. На едната страна на земјичката ставете кашкавал.

Пријатно јадење.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста