Семејство на починат од коронавирус два месеци чека правда и одговорност за пропусти во неговото лекување
Семејството на 69 годишниот тетовец, кој почина од компликации од коронавирус и по два месеца,сеуште чекаат правда и одговорност за,како што тврдат, низата пропусти во здравствениот систем при неговото лекување. Починатиот беше прв евидентиран случај на заболен со ковид 19 во Тетово и прв починат.Вирусот го добил додека бил хоспитализиран во Козле,во март. До неговото тестирање,семејството поминало вистинска голгота,оти и покрај симптомите никој не сакал да му земе брис-со изговор дека немало шанса да биде заболен, бидејќи бил во болница.
Токму овој случај го вклучи алармот што резултираше со повеќе заболени од персоналот во Заводот Козле, и привремено затворање на истиот. Наташа два месеци упорно бара одговори по институциите,како се заразил нејзиниот татко,зошто не бил тестиран навреме,но уште нема никаков резултат.Од правдата вели,сепак, не се откажува.
Коронавирусот го доби и Наташа и дел од нејзиното семејство, но за среќа вели,лесно поминале.Но, нема да се помири што нејзиниот татко го загуби на неправден начин,без можност ниту да присуствува на неговото погребување.
Милена Вучевска