Селективно уривање дивоградби во Охрид?

По неуспешнот обид за рушење на дибоградите кога помпезно најавената акција пред 10 месеци,се сведе само на неколку до пола отстранети платформи во езерото и кога нити еден диво изграден објект не се урна туку напротив, некои од нив во меѓувреме и се доградуваа-општината сега започнува нова акција.

Општинските испектори денеска пак се растрчаа на терен,каде работниците со градежна механизација отстрануваа дивоградба во туристичкиот комплекс Свети Стефан.Сопствениците кои реагираат, бидејќи претходно не добиле никакво известување од општината,обвинуваат и за селективност.

Дојдоа прво пред објектот овде и кажаа дека од овде ќе се стартува со урување. На прашање зошто,рекоа таков налог имаме ние.А мислам дека овде е најлиберално, најповлечено од било каде на риверава охридско- струшка – вели Никола Павлески – сопственик.

Бараме да не се руши селективно туку да се руши со ред.Се’ да се руши и шанкови и бекатонки и се’ што е  поставено на плажите – вели Младен Маркоски-сопственик.

Иако неконтролираната урбанизација Унеско ја препозна како една од најзагрозувачките активности за Охридскиот Регион, процесот на отстранување на бесправно изградените објекти ќе се влече цели 5 години. Во извештајот за исполнување на препораките на Унеско, стои дека отстранувањето на дивоградбите се очекува да заврши до крајот на 2025 година,а треба да се отстанат стотици шанкови,објекти од цврста градба, потпорни ѕидови,метални конструкции  и други времени објекти што се поставени во крајбрежјето.

Ќе се отстануваат објектите кои  се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во  Охридско Езеро-стои во соопштението кое го испратија од општината.

Во Охрид политиката влегува на голема врата, наместо да се рушат дивоградбите на локални моќници, по целото крајбрежје има објекти кои урбанистички не фигурирале таму,но на нивната изградба им кумуваше општината и државата-укажуваат невладините организации.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста