Сексуално образование на основците по терк на Хера, од каде доаѓа Царовска

Прирачник од Хера, стар 8 години е водилка за како наставниците да предаваат сексуално образование на основците. Обуки на наставниците веќе има, неофицијално токму според прирачникот од Хера, наставниците ќе ги креираат своите наставни содржини.

Што е мастурбација, што е хомосексуалност, што бисексуалност ова се само дел од содржините кои ќе се предаваат од 1 септември во основните училишта.

Прирачникот е околу 200 страници и е издаден во 2014 тата година, во него се објаснуваат поими и за сексуални ориентации.

Припрачник на Хера стр. 179

Дали хомосексуалноста е болест?

Хомосексуалноста не е болест. Несигурноста или непријатноста за сопствените сексуални чувства може да предизвика анксиозност и стрес, па дури да дојде и до физички проблеми, како, на пример, несоница, гадење и главоболка. Од 1990 година хомосексуалноста не е на листата на ментални нарушувања.

Во прирачникот се одговара и на прашања за што е нормално основицте да размислуваат.

Припрачник на Хера стр. 182

Дали е нормално понекогаш во мислите, соништата или фантазиите на хетеросексуалец/ хетеросексуалка да се појавува лице од ист пол и обратно – кај хомосексуалец/хомосексуалка да се појавува лице од спротивен пол?

Да, нормално е да се мечтае за лице од ист или од различен пол и тоа не значи дека некој е дефинитивно хомосексуалец/ хомосексуалка или хетеросексуалец/хетеросексуалка. Кога се има и сексуална и емоционална привлечност кон ист пол, тогаш станува  збор за хомосексуалност, а имање само фантазии или сексуален  однос со ист пол не значи дека лицето мора да е дефинитивно хомосексуалец/хомосексуалка.

Она што е индикативно во целиот процес е што за ова ,според дел од родителите  етоа што тие не биле консултирани за програмата која ќе се предава на нивните деца.

Скандалозен е и самиот факт што прирачникот од кој ќе се учи е напишан од Хера,од организацијата од која доаѓа министерката Царовска,  а не од бирото за развој на образование.

Ги прашавме во Министерството зошто ќе се учи од овој прирачник, но тие не упатија одговори да бараме од биро за развој на образование.

Од бирото до овие вести одговор не добивме.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста