Секојдневно нови случаи на заразени деца и наставници

Цел клас од 11 ученици и наставичка се во изолација, откако вчера третооделенец во основно училиште во Виница кој посетувал физичка настава е позитивен на вирусот. Еден од родителите добил позитивен резултат, детето веднаш било повлечено од училиште, по што и било тестирано. Засега сите се во добра здравствена состојба и никој нема пројавено симптоми..

  

 „Детето неколку дена не било на училиште, но во разговор со вработените во Центарот за јавно здравје во Кочани , на сите деца им е дадено домашна изолација. Доколку немаат симптоми нема да се тестираат , тоа е укажувањето од епидемиолозите , меѓутоа доколку родителите посакаат да има тестирање, нормално дека ќе има„ –изјави Ивица Димитров-градоначалник на Виница.

Во меѓувреме вирусот не попушта во градинките низ истокот. 12дечиња до 2годишна возраст  во Делчево се во изолација откако нивната негователка, но и куварот и помошник кувар се позитивни на вирусот. Вчера се тестирани уште три негователки за кои се уште се чекаат резултатите. Засега градинката работи. Направена е вонредна дезинфекција информираат од детската градинка Весели цветови.

  Се уште во изолација се  и 24 дечиња од двете детски градинки во штип, откако негователка и воспитувачка минатата недела добија позитивни резултати . од вчера во самоизолација е и директорка на градинка, а се следи состојбата и во основно училиште во Штип, каде што едно дете е ставено во изолација, откако тестот на еден од неговите родители покажал дека е позитивен. Претходно вирусот привремено  стави клуч на градиките во Чешиново-Облешево и Свети Николе. 

Ачександра Ристевска