Секој втор млад човек сака да ја напушти Македонија, власта нема стратегија како да го реши овој проблем

Секој втор млад човек сака да си замине од државава.  58 проценти од младите би се иселиле, а 64,8 проценти се незадоволни од своето место во земјава –   покажуваат податоците на фондацијата за демократија на Вестиминстер.  Ова не е само поради економски причини  кои се на прво место туку и на тоа што младите луѓе не веруваат во системот и бараат подобро место за живот.

Младите се фрустрирани и од политичката ситуација и генерално тука се појавуваат и други причини кои им се важни на младите една од нив е и животната средина, воздухот, квалитетот на животот и можноста за образование. Младите не веруваат во системот и се нема желба за да се направи нешто за да се смени системот, вели Иван Јованов , претсавник на мрежата за спречување на Одлив на мозоци

Земјава веќе  две години нема стратегија за спречување на одливот на квалитетни кадри за која е задолжена МОН, а и додека ја имало не била приоритет.

Потребно е да има официјални податоци колку точно млади се отселиле и колку не живеат во земјава. Постоеше стратегија за спречување на одливот на квалитетни кадри која траеше од 2013-2020. Нашата мрежа направи мониторинг на тоа колку стратегијата беше спроведена во пракса и само 11 % е спроведена што покажува дека не била ниту приоритет на МОН ниту на властите од отселувањето на младите така да многу е битно да се направи нова стратегија, нов пристап и тука да биде вклучена Агенцијата за иселеништво, додава Јованов.

Сепак, иако на сите им е јасно дека е потребно да се промени целото општество за да се спречи трендот на иселување,  дел од експертските мислења сметаат дека ќе имало позитивен ефект. За аналитичарот Алберт Муслиу иселувањето ќе ја зголемело цената на трудот и ќе ги вратело младите дома.

Во меѓувреме  помалите градови во државава полека остануваат празни. Само од Кичево, во февруари и март до сега се пријавиле над 800 лица во германската амбасада.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста