Секое второ дете е со задоцнет или неправилен говор-седењето дома да се користи за игри, а не пред екраните

Речиси секое второ дете е со задоцнет или неправилен говор ,алармираат логопедите. Телефоните, компјутерите и другите паметни уреди се најчестите причини за неправилната стимулација за говорот.На ова особено треба да се внимава периодов, кога децата, особено оние кои посетувале градинка, се дома.Родителите никако не смеат да ги оставаат прекувремено пред екраните, туку времето да го исполнат со игри,разговор, читање или сликање.

Проблемот со неправилниот говор кај децата станува се поголем. До својата 5-та година детето треба правилно за зборува.Доколку има одредени потешкотии, треба веднаш да се реагира,оти што повеќе се чека потешко се корегира изговорот . – изјави Теодора Соколовска – Логопед

Инаку,Македонија денеска одбележува 75 години од објавувањето на македонската азбука-која е официјално и единствено писмо на македонски јазик.Логопедите стравуваат дека ако проблемот и натаму се занемарува,ни доаѓаат генерации на деца со неправилен говор и маани. – изјави Теодора Соколовска-Логопед

Милена Стојановска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста