Сегед ги повлече билетите за мечот со Вардар, се чека на ЕХФ

По одложениот меч против Елверум претходното коло во Лигата на шампионите, прашање е дали Вардар ќе го одигра и дуелот против Пик Сегед во третото коло, закажан за в четврток во Унгарија. Проблем создава новиот позитивен случај на Ковид-19, што е вкупно седми играч во редовите на Сегед. Клубот информира дека по редовните тестирања, овој пат само еден ракометар се покажал позитивен, но повторно целата екипа е ставена во карантин. Планираните билети за мечот со Вардар, околу 30отсто од капацитетот на салата во Сегедин, се повлечени од продажба, а двата клуба заеднички со властите и ЕХФ бараат идеално решение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста