Седумте ново заболени од Ковид-19 го вклучија алармот во Кочани

Седумте ново заболени од Ковид-19 го вклучија алармот во Кочани. На итна вонредна седница Општинскиот кризен штаб  денес донесе одлука да побара од Владата и во Кочани да се воведат мерки  по примерот на Куманово. Граѓаните забрана за движење да имаат во периодот од 16 до 5часот од понеделник до петок. Ова единствен начин да се спречи ширењето на заразата во градот, вели во телефонски разговор градоначалникот на Кочани Николчо Илијев. Од утре  ќе се зајакнат мобилните екипи, а се планира да се воведе и он-лајн пазарување, за да се намали социјалниот контакт. Во Кочани има 11заболени, тие се од истиот кластер. Има и три деца. Сите се со лесна клиничка слика. Двајца заболени има во Зрновци и еден во село Подлог. Илијев уште еднаш апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

До денес во источниот регион на државата има 33 заболени. 19 се во Штип.   До вчера на Инфективното одделение беа хоспитализирани само двајца пациенти. Дали има нови, нема информации.  Од завчера единственото вакво одделение во регионот целосно е реорганизирано.  Контактот со 80 годишната пациентка на која претходните два теста и биле негативни во самоизолација стави 2 инфектолози, 8 медицински сестри и 4 болничари.

Александра Ристевска