Седумнаесет повредени припадници на Арм сообраќајка на патот Радовиш-Штип

Стабилна е здравствената состојба на седумнаесетината повредени во сообраќајната несреќа што рано утринава пред 7часот се случи на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај 8миот километар. Сите повредени од кои 16се припадници на АРМ и шоферот со болнички возила се транспортирани во штипската болница . По направените прегледи, лекарите констатирале дека сите повредени се надвор од животна опасност..

  „Прегледани се од хирург и ортопед. Според мислењето на лекарите тие се со телесни повреди и надвор од животно-загрозувачка состојба„-изјави Марина Шуманска,портпарол на КБ-Штип

Во дворот на болницата поразговаравме со дел од повредените. Не сакаа да зборуват пред камера. Се уште под стрес , кратко одговорија   дека се чувствуваат добро и во целата несреќа имале и голема среќа, бидејки поминале само со полесни повреди..

Автобусот со кои се превезувале војниците се судрил со комбе , се излизгал и завршил во ендекот покрај патот. станува збор за организиран превоз на релација струмица-радовиш-штип-петровец. Од министерството за одбрана информираат дека превозникот има  потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патниците. Увид на местотот на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и мвр, а на лице место излезе и тим од воената полиција.Како и што довело до несреќата ќе покаже уводот.

 ваква слична сообраќајна несрека на истиот патен правец, кај крстосницата за неготино се случи пред осум години. Тогаш автобус полн со војници се судри со автомобил. Во несреќата беа повредени над триесетина лица, мегу кои имаше и цивили    

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста