СЕДУМ ПОЗИТИВНИ РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ ПРЕД УТРЕШНИОТ МЕЧ СО ФРАНЦИЈА

Седум фудбалерки на македонската репрезентација со позитивен тест на Ковид-19, две од Каменица Саса и пет од Тиверија, сите без симптоми и ставени во самоизолација. Ова е сериозен проблем за нашиот женски нациоанелн тим пред утрешниот домашен меч со Франција, ако се знае фактот што од претходно поради повреда недостасува капитенот Андонова, а суспендирана поради жолти картони е Рочи. Селекторот Изов дополнително повика шест играчи, но колку ќе можат да одговорат во шестиот квалификациски предизвик останува да видиме утревечер на Националната Арена од 21 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста