Седум починати и 168 заразени со ковид-19

Во изминатите 24 часа регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 од направени 1.478 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Најмногу од новите случаи се регистрирани во Скопје – 110, Кавадарци и Кочани – по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 275 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица на возраст од 55 до 77 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста