Седум пациенти ја загубија битката со Корона вирусот – 125 ново дијагностицирани во последното деноноќие

Нови поразителни бројки на ИЈЗ – за еден ден во земјава дури седум пациенти ја изгубиле битката со Ковид – 19, втор пат највисок број на починати за еден ден откако почна кризата.

На Клиниката за инфективни болести починаа четири пациенти – двајца од Скопје на возраст од 54 и 79 години, пациентка од Струга на 66 години, а 46 годишна починала при прием во амбулантата. Корона вирусот зема уште две жртви во ГОБ 8 септември, пациентка на 77 години од Скопје и пациентка од Струга на 73 годишна возраст.

Во болница во Штип, едно од кризните подрачја во земјава, почина 87 годишен пациент кој беше примен во болница пред две недели.

Пандемијата со корона вирусот не стивнува. Додека земјите во регионот бележат победа над Ковид – 19, бројот на заразени во Македонија секојдневно расте. 125 нови случаи регистрирани во изминатото деноноќие, со ова, вкупната бројка на дијагностицирани е 3364, од кои 1536 се активни случаи. Од нив, дури 89 случаи се во Скопје. Општина Чаир се уште е на неславното прво место со 195 активни случаи, по неа Бутел со 72, Центар 71 случај, Општина Аеродром со 67 и Гази Баба со 66 активни случаи.

Дека ситуацијата е повеќе од алармантна доволен покрај црните денешни бројки е и рангирањето според светската страна за статистика Ворлометерс. Од земјите во регионот само Србија денеска е пред нас, Македонија е втора. Односно, според бројот на заразени и смртни случаи зад нас  се и Грција и Бугарија, потоа Босна и Херцеговина, па Хрватска, Словенија, Албанија и  Црна Гора.

Ќе значи ли ова враќање на рестриктивните мерки или некаков нов план засега е непознато, единствено се знае дека Владата има седница денеска.

Адријана Алексиеска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста