Седум кинески рудари во лоша состојба се извлечени на безбедно

11 рудари од рудник за злато во Кина денеска се извлечени живи, по две недели откако беа заробени 600-тини метри под земја.
Првиот рудар бил извлечен во утринските часови денеска,а еден час по неговото спасување, уште 10 рудари се спасени од друг дел на рудникот.
По експлозијата во рудникот кој се наоѓа во провинцијата Шандонг, се затвори влезниот тунел, а внатре останаа заробени 22 рудари. Еден од рударите починал, додека за останатите 10 сè уште не е познато дали се живи.
Спасените рудари една недела по експлозијата преку спасувачките канали испратија порака успеаја да испарат порака барајќи од спасувачите да продолжат да копаат.
Претходната несреќа во Кина се случи во декември 2020 со истекување на јаглероден моноксид во рудник за јаглен при што загинаа 23 рудари.