Се зголемува бројот на заразени во текстилната фабрика во Штип

Уште две текстилни работнички добија позитивни резултати. Со новите два случаи бројот на инфицирани е 19. Состојбата во Штип ескалира, па поради тоа вчера на итен состанок на кој присуствувале епидемиолози од Скопје и држаниот секретар за здравство е донесено одлука да се изврши масовно тестирање на 120 вработени во конфекцијата од каде се шири заразата.

Здравствените власти алармираат сите што имале контакти или се возеле со автобусотсо кои се превезуваат работничките при појава на првите симптоми кашлица, главоболка, покачеа температура, затнат нос, болки во грлото, треска задолжително да останат во самоизолација и да се јават кај својот матичен лекар.

Засега не се размислува за воведување на рестриктивни мерки во Штип, објаснува Милошев, апелирајки до граѓаните задолжително да носат маски и да се почитува социјална дистанца од 1,5метар.

До сега се издадени130 решенија за самоизолација. Мегу нив има и медицинска сестра од очното одделение во штипската клиничка болница.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста