Се затвораат плажите во Шпанија

Во Шпанија се затворија плажи поради големиот број посетители за време на викендите. Властите за да го спречат ширењето на корона вирусот, затворија речиси 30 плажи во Коста дел Сол, а сопствениците на плажите во Малага беа принудени да го редуцираат бројот на посетители за да се одржи социјална систанца. Поради пораст на бројот на новозаразени лица со Ковид-19 повторно е воведен карантин за време на викендот во Галиција и Каталонија. Се очекува влошување на ситуацијата со епидемијата поради пораст на бројот на странски туристи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста