Се засилува турската офанзива против курдите, десетици илади луѓе бегаат од своите домови

Се засилува турската офанзива против курдите.Десетици цивили и борци на Сириските демократски сили се загинати додека десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови во оваа област, додека меѓународната заедница ја повикува Турција да запре со нападите. Во исто време, републиканците во Претставничкиот дом на САД ги претставија плановите за воведување санкции за Турција, додека Доналд Трамп се понуди да биде посредник.

Турција ја почна својата офанзива во средата, ден откако американската војска се повлече од тој регион, напуштајќи ги своите довчерашни курдски сојузници, со кои заедно ја поразија Исламска држава.Анкара ја правда офанзивата со тоа што планира да создаде сигурна зона во пограничниот регион, од каде што сака да ги избрка курдските милиции и таму да пресели два милиона сириски бегалци, кои моментално се во Турција.

Турските сили ги окружија пограничните градови Рас ал-Аин и Тал Абјад и курдскиот Црвен крст објави дека загинале 11 цивили, а 28 се сериозно повредени. Сириската опсерваторија за човекови права наведе дека турските сили освоиле десет села и најави можен егзодус на стотици илјади цивили.