Се запали возило со избирачки материјал кај тетовската патарина

На 16.07.2020 во 04.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека моторно возило „форд транзит“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Ф.А.(35) од Гостивар, се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале пет членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен, бил префрлен во друго возило и бил испратен во Државната изборна комисија.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста