Се влошуваат условите при откупот на тутунот во Долненско

На еден месец пред истекот на законски предвидниот рок за откуп на тутунот од ланската реколта, врие меѓу долненските тутунари. Наместо подобрување на лошата откупна кампања, на која се пожалаа по Новогодишните празници, сега велат дека состојбата станала уште полоша. Време за чување на тутунот повеќе немало, а поголемиот дел од откупните пунктови веќе биле затворени. Исто така, евидентно било и кинењето на класите, а засилени биле и притисоците и заканите доколку имало поплаки до надлежниот Инспекторат.

Тутунарите, своите маки, по втор пат за десетина дена му ги изнесоа и на техничкиот министер Цветан Трипуновски, кој денеска повторно го посети овој регион.Тој обвини за увоз на тутун, на штета на домашното производство.

Наспроти ова, минатата недела пак, од Сојузот на тутунски здруженија се пофалија дека постигнале договор со откупувачите, пунктовите да останат отворени се додека не се откупи и последниот килограм тутун.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста